-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Бензема потпиша договор, а откупната клаузула му е МИЛИЈАРДА евра

Најчитани вести

Карим Бензема веќе го ставил својот потпис на нов договор со Реал Мадрид. Кралскиот клуб летово воопшто не беше активен на трансфер-пазарот, а на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна само Давид Алаба, и тоа како слободен играч. Многумина веруваат дека Реал собира пари за да го доведе Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, а додека не се случи тој трансфер, Кралевите го „забетонираа“ останувањето на Бензема.

Се работи за договор на уште една година, што значи дека Бензема ќе остане во Реал до 2023 година. Според познатиот новинар Фабрицио Романо, во договорот стои дека откупната клаузула на Бензема ќе изнесува неверојатни една милијарда евра.

Бензема дојде во Реал Мадрид во јули 2009 година и речиси 4.500 денови е лојален на Кралскиот клуб. Французинот има одиграно 384 меча во Примера дивисион, а постигнал 194 погодоци. Во првиот меч од новата сезона, Бензема беше главен во нападот и со два гола беше најзаслужен за убедливата победа од 4:1 на гостувањето кај Алавес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com