14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Бензема нема дилеми: Прашање е на ден кога ќе дојде Мбапе

Најчитани вести

Карим Бензема уште еднаш ја изрази својата сигурност дека неговиот сонародник Килијан Мбапе ќе го засили Реал Мадрид.

Младиот Французин се обиде да го направи тоа уште во август, но преговорите пропаднаа и тој остана во ПСЖ. Со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната, идното лето може да замине без отштета.

„Тој самиот кажа дека сака да искуси нешто ново. Тотално сум сигурен дека еден ден Мбапе ќе дојде во Мадрид, но не знам точно кога. Мислам дека е само прашање на време“, изјави Бензема.

Мбапе одлично ја почна новата сезона и веќе има четири гола во француското првенство со што е најдобар стрелец во својот тим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com