-3.7 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Бенатија не можел да поверува што му пишува Роналдо во 11 часот навечер: Човеков не е нормален!

Најчитани вести

Меди Бенатија, кој неколку месеци играше покрај Кристијано Роналдо во Јувентус, вели дека не можел да поверува кога во 11 часот навечер добил покана од Кристијано Роналдо да одат во теретана зошто ЦР7 не се испотил доволно на натпреварот.

Кристијано Роналдо е играчот кој прв доаѓа на тренинг а последен си оди, за тоа колку е посветен Португалецот на сопствениот фитнес, неговите поранешни соиграчи имаат раскажано голем број на приказни/

Своето искуство сега го сподели Меди Бенатија, кој неколку месеци играше крај ЦР7 во Јувентус.

„На гостувањето во Бергамо, јас и Кристијано Роналдо бевме на клупата бидејќи три дена подоцна не чекаше нов натпревар и тренерот направи ротација. Во автобусот на враќањето во Торино, Роналдо ми испрати порака, „Што ќе правиш сега?“. Му вратив, „11 часот навечер е, ќе си одам дома, зошто?“. Тој ми одговори, „Дали сакаш да одработиш мал тренинг со мене? Не се испотив доволно денеска, морам да одработам една сесија. Дали сакаш да ми правиш друштво?“. Му објаснив дека нема шанси, дека сакам само да си одам дома и да седнам пред телевизорот“ – раскажува Мароканецот во разговор со Радио Монте Карло.

„Кога се вративме, сите имаа нормална облека на себе, само Роналдо беше во шорцеви, со тренерка, слушалките на глава и отиде право во теретана. Си реков, „Човеков не е нормален“. Кога сте во контакт со него секој ден, имата само почит за она што го прави. Го жртвува целиот живот за фудбалот. Бев изненаден од интензитетот кој го вложува на секој тренинг, на секоја сесија во теретана. И сето ова го повторува секој ден. Покрај задачите кои ги извршуваме сите, тој има сопствена персонализирана програма 25 минути пред да го напушти теренот“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести