Home » Белорусија започна проверка на силите за реакција, министерството тврди дека не претставуваат никаква опасност

Белорусија започна проверка на силите за реакција, министерството тврди дека не претставуваат никаква опасност

by Журнал.мк

Белоруската армија започна ненадејна проверка на силите за реакција, објавило на „Телеграм“ Министерството за одбрана на Белорусија, пренесуваат локалните медиуми.

Според најавите, воените единици и одреди ќе ги разработуваат прашањата за ставање во борбена готовност, марширање во планираните подрачја и извршување на задачи за борбена обука“, било наведено во соопштението.

„Целта на инспекцијата е да се процени подготвеноста и способноста на армијата за брзо реагирање на евентуална појава на кризни ситуации“. Воените единици и одреди ќе оперираат на непознат терен во средина која брзо се менува“, соопштило белоруското Министерство за одбрана.

Бројот на сили кои ќе бидат вклучени во проверката постепено ќе се зголемува, што ќе овозможи тестирање на нивната способност да се спротивстават на воените закани и на земја и во воздух, се појаснува во написите на тамошните медиуми.

„Проверката е сложена. Големо внимание се посветува на системите за поддршка кои треба да создадат поволни услови за работа на воените единици“, било истакнато од страна на надлежните.

Исто така, се наведува дека ваквите настани се еден од најефикасните начини за обука на војниците. Се нагласува дека тие не претставуваат никаква опасност за европската заедница во целина, ниту за соседните земји поединечно. Според извештаите, планирано е преместување на значителен број воена опрема, што би можело да го отежне сообраќајот на јавните патишта.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More