Home » Белингем откри каква порака имал за Халанд по крајот на мечот

Белингем откри каква порака имал за Халанд по крајот на мечот

by Журнал.мк

Манчестер Сити пропушти шанса да оставри и втора победа над Борусија Дортмунд во кратко временски интервал, бидејќи Ријад Марез не реализираше пенал на натперварот кој синоќа се одигра на „Сигнал Идуна парк“.

На крајот, мечот заврши со мирољубиви 0:0 и поголем бенефит од тоа имаа домаќините од Германија, кои со освоениот бод со англискиот првак се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во таа рунда веќе од минатото коло е тимот на Пеп Гвардиола, додека Севилја вчера го потврди третото место со триумфот над Копенхаген и ќе продолжи во Лигата на Европа.

Покрај промашениот пенал на Марез, во самиот финиш немаше некои преголеми возбудувања пред голот на Борусија, а огромно внимание привлече конверзацијата која ја имаа Џуд Белингем и Ерлинг Халанд.

– Убаво е чувството кога ќе го задржите цел тим на Манчестер Сити, но посебно Ерлинг поради тоа што знаеме колку е опасен. На првиот меч кај нив, не издржавме во завршницата и примивме два гола.

– На крајот од мечот му реков дека сме „1:1“ во дадени голови на овие два меча. Двајцата дадовме по еден на првиот меч, но не сум презадоволен што останав само на тоа. Задоволен сум од ремито што го остваривме, резултат кој ни го донесе тоа што го посакувавме, пласман во следната фаза во Лигата на шампиони, – изјави Белингем.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More