Една белграѓанка го фатила сопругот во неверство и тоа благодарение на видеата од безбедносните камери на сплавот кој заедно го поседуваат.
За нештата да бидат уште полоши, повредената сопруга која се породила пред само 4 месеци, ги објавила видеата на официјалниот профил на споменатиот сплав, како и името на девојката со која го фатила дека има афера.
„Дојдете на нашиот сплав! Имаме работничка за сѐ, ако ме разбирате! А сопственикот доби дете пред 4 месеци. Знаете ли дека јас мислев дека тој е навистина добар човек. Навистина, мислев, а не сум мала… Мислев дека најмалку што му должам е сите да знаат каков е. Слушам дека сериозните луѓе не сакаат ниту да работат со оние што ги издаваат своите најблиски“, напишала таа на видеата на Инстаграм.
Откако ситуацијата се смирила, сопругата повторно објавила стори на кое објаснува дека „не знае зошто го објавила тоа на официјалниот профил“.
„Не можам ни да се сетам што точно сакав да постигнам, можеби да ги понижам овде на бизнис профилот, а толку ескалираше што во моментов имам моќ ова да го објавам и во живо на плоштад, но сега гледам дека не сакам да се валкам во таа кал.
Тука сум ако ви требаат информации или простор за некоја прослава, или некој план за одмазда, затоа што изгледа дека ниту тоа не ми оди лошо“