Српските медиуми откриваат уште една мрачна тајна на факултетите во државата, која им ја открила една од девојките на Правниот факултет во Белград.
Дел од професорите на Правниот факултет во Белград изнајмувале приватен стан во кој ги носеле нивните студентки за да си ја заработат оценката со секс.
Статистиката која беше објавена во медиумите покажува дека секој петти студент доживува некаков вид на сексуално насилство на факултет, а Правниот бил на врвот на листата по број на професори кои ја злоупотребиле својата должност.
Една студентка за српски „Курир“ открила дека дел од професорите, наводно, ги уценувале нејзините колешки за да имаат секс.
„Некои од професорите нè чекаа во близина на факултетите, каде што имаа посебен стан кој го изнајмуваа. Таму ги носат студентките за да заработат оценка со секс. Колку подолго ќе трае интимниот однос, толку ќе биде поголема оценката. Девојката мора да се покаже, инаку нема да добие оценка. Станот го делат неколку професори, кои меѓу себе си ги делат студентките“, вели една од девојките.
Друга девојка, која сакала да остане анонимна, откри дека еден од професорите ја однел во хотел, каде што ѝ дал оценка за да го положи испитот.
„Ме повика во хотел, ми нудеше оценка само за да бидам со него. Не се срамеше да го побара тоа и јавно“, вели втората девојка.