29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Бектеши: Фотоволтаиците ќе се стимулираат за домаќинствата да добијат поевтина струја

Најчитани вести

До 2019 година имавме многу стар Закон за енергетика кој ги немаше инкорпорирано обновливите извори, вели министерот за економија Крешник Бектеши кој појасни дека од тие причини и се менува Законот за енергетика според кој сега секое домаќинство ќе може да монтира фотоволтаици.

-За да се монтираат фотоволтаици потребно е домаќинството да го смени мерачот со таков кој има влез и излез на електрична енергија. Така вишокот на енергија домаќинствата можат со операторот да вршат размена и потоа произведената струја да се компензира или да се наплати, вели Бектеши.

Тој додава дека има приватни компании кои инсталираат вакви панели, а за да се монтираат треба потврда од надзор според Законот за градење, вели Бектеши и додава дека намерата е да се поедностават процедурите за да се стимулира зелената енергија.

Од 1 јули ќе има нов тарифник за наплата на електричната енергија, кој ќе биде скалест, па оттука во која тарифа ќе се испорача струја од домаќинството до снабдувачот, снабдувачот во истиот период ќе има обврска по иста цена да ја пресметува електричната енергија што ја испорачува до тоа домаќинство.

-Нашите проценки се дека до крајот на годината ќе имаме 150-170 киловат часови инсталирана моќност од ваква инвестиција од домаќинствата и компаниите, вели Бектеши за Утрински брифинг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com