Home » Бектеши: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

Бектеши: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

by Журнал.мк

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил ја објави одлуката со која која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена.

Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, со која производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.

Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што денеска е донесена и објавена во Службен весник.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk