17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Бекам ја активира првата трансфер бомба: Во Интер Мајами од следната сезона ќе игра едно големо име

Најчитани вести

Дејвид Бекам на големо работи околу подготвување на ростерот на Интер Мајами, клуб којод следната сезона и официјално ќе влезе во американската МЛС Лига.

И официјално веќе се договорени неколку понезвучни имиња кои ќе го носат дресот на клубот на Дејвид Бекам, а сега шпанскиот весник „АС“ пренесува дека Англичанецот го повлекол првиот голем потег и е во преговори за првата трансфер бомба.

Имено во клубот за следната, 2020 сезона би требало да пристигне напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани кој е еден од најдобрите на неговата позиција во светот. Договорот на Уругваецот со ПСЖ истекува токму во 2020 година, па би се преселил на Флорида како слободен агент.

Кавани во Европа игра од 2006 година кога пристигна во Палермо и од тогаш редовно ги тресе противничките мрежи со што си доби место на врвот на листата на стрелците во последната декада.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com