Познатиот Дејвид Бекам на својот инстаграм-профил објави фотографија со двајцата синови Ромео и Круз во која тројцата ги покажуваат старо-новите фрузури.
На фотографијата тројцата имаат кратка коса, но Бекам и Ромео ја носат бланширана, а додека Круз ја има обоено косата розова.
„Некогаш им треба потсетување на момците кој го направи ова прв во 90-тите. По изразот на нивното лице, не се многу задоволни“, напишал пензионираниот фудбалер во фотографијата додавајќи „#DadDidItFirst“, или „тато беше прв“.
На фотографијата коментирала ѝ неговата сопруга Викторија, поранешен член на групата „Spice Girls“.
„Тато навистина го направи тоа прв и овој пат изгледа уште подобро“, напишала таа во објавата.
Фотографијата од Вимблдон добила многу пофалби и комплименти од обожавателите и преку 1,4 милиони лајкови.