19 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

Бекам отвора хотел во Кина

Најчитани вести

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам соопшти дека ќе отвори хотелски комплекс, во автономната област Макао во Кина , позната како „Источниот Лас Вегас”.

Во хотелскиот комплекс на мени ќе има хтрана од британската кујна, за што е задолжен пријателот на Бекам, шеф Гордон Рамзи. На средината ќе има и мала реплика на „Биг Бен“, а надворешноста на хотелот е инспирирана од Вестминстерската палата и Долниот дом на парламентот.

“ Лондон е мојот роден град, така што би сакал да пренесам некои нешта што ги сакам оттаму во Макао – тоа чувство за енергија, хуморот, односот кон храната, мебелот и уметнички дела. Тоа чувство е прекрасно„, напиша на Фејсбук некогашната фудбалска ѕвезда.

Бекам хотелот ќе го отвори следната година. Комплексот ќе има и бутик на два ката, како и трговски центар со 200 продавници за британски брендови.Текстот Бекам отвора хотел во Кина е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести