Home » Бекамови го завршија одморот на Јадранот, потрошиле десетици илјади евра

Бекамови го завршија одморот на Јадранот, потрошиле десетици илјади евра

by Журнал.мк

Откако поминаа повеќе од една недела на Лопуд во луксузното одморалиште Лопуд1483, Викторија, Дејвид и нивните деца заминаа во Италија. Папараците ги уловија во Нераноа во друштво на Сара Фергусон, војвотката од Јорк. Двојката се збогуваше со поранешната сопруга на принцот Ендру пред да седнат на ручек во луксузен ресторан.

https://youtu.be/i2AjrbicPhY

Според британските медиуми, Бекамови вчера ја напуштиле Хрватска и одморот ќе го продолжат во Италија. Потрошиле неколку десетици илјади евра на одморот во Хрватска, бидејќи една ноќ во луксузниот ресорт чини 10 илјади евра. Бекамови уживале во патувања со брод и луксузни ресторани во Дубровник и околните острови.

За потсетување, Lopud1483 е луксузен комплекс кој бароницата Франческа фон Хабсбург го добила за користење од Францисканците во 1997 година.

Некогаш бил напуштен францискански манастир, а австриската богаташка се обврзала да го обнови. Реновирањето траело дваесет години, а комплексот бил отворен во 2018 година. Семејството Хабсбург често престојува таму и тие го поминаа најголемиот дел од локдаунот во Лопуд за време на пандемијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk