Без струја делови на Сарај, Кисела Вода и Гази Баба

    0

    Од „ЕВН Македонија“ АД информираат поради планирани технички зафати во електросистемот во град Скопје, денеска без струја ќе останат:

    – во периодот од 9 до 15 часот корисниците од с. Рашче, Копаница, Бојане и дел од с. Кондово (општина Сарај);

    – во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Сава Ковачевиќ, подулица бр. 14 (општина Кисела Вода);

    – во периодот од 9 до 11 часот корисниците од улицата Коце Металец, од број 8 до број 14 (општина Гази Баба).