8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Без овие минерали телото забрзано старее, а имунитетот слабее

Најчитани вести

Сите знаеме дека, доколку сакаме да имаме добро здравје, мора да му обезбедиме доволно витамини на телото. Витамините се „хранливи суперхерои“ за кои сите зборуваат, но и минералите заслужуваат подеднаков удел во оваа приказна.

Истражувањата покажуваат дека тие играат клучна улога за мускулната сила и флексибилност, за густината на коските и здравјето на срцето и белите дробови. Внесувањето доволна количина на минерали е многу важно за правилна работа на штитната жлезда, но и за одржување на младешкиот изглед.

Налето е особено важно е да внесувате поголема количина на минерали бидејќи тие се губат преку потењето.

Поради тоа, добро е да знаете кои се петте најважни минерали кои треба да ги внесувате секој ден.

Калциум

Истражувањата покажуваат дека внесувањето доволна количина на калциум во детството помага до 18-та година да се постигне максимална коскена маса, што ја намалува можноста за развој на остеопороза во текот на подоцнежните години од животот. Калциумот е клучен за растот и развојот на коските, а особено е важен за децата. Тој може да се најде во млечните производи, но и во билките како спанаќот.

Железо

На организмот му треба железо бидејќи преку него се пренесува кислородот низ организмот. Кога не внесувате доволна количина на железо, вие станувате уморни и слаби, а тоа чувство може да ви прејде во навика доколку не го зголемите внесот на овој важен минерал. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо во организмот, па би било добро да консумирате намирници кои ги содржат двата нутриенти, а тука спаѓаат брокулата, спанаќот и останатиот лиснат зелен зеленчук.

Магнезиум

Магнезиумот, исто како и калциумот, е важен за здравјето на коските, но и за енергијата. Доколку не внесувате доволна количина на магнезиум во организмот, веројатно ќе чувствувате преголем замор. Истражувањата покажуваат дека магнезиумот придонесува за подобар сон, а нѝ овозможува да имаме доволно енергија во текот на денот. Освен тоа, докажано е дека магнезиумот ги олеснува симптомите на предменструалниот синдром. Него ќе го најдете во семките од тиква, кикириките, бадемите, оревите, но и во спанаќот, брокулата, грашокот и слично.

Цинк

Цинкот е многу важен за развој на когнитивните функции и за подобро помнење, а исто така му помага на телото да го произведе важниот хормон на штитната жлезда, познат како Т3. Него ќе го најдете во гравот, јаткастите плодови, интегралните житарки, како и во морските плодови.

Калиум

Калиумот помага во регулирање на крвниот притисок, поради што е исклучително важен за здравјето на срцето, а исто така игра важна улога во функционирањето на нервниот систем. Бананите се одличен извор на калиум, а овој минерал исто така го содржат и зелениот зеленчук, слаткиот компир и лососот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com