23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Без локално ширење на Ковид-19 во австралиската држава Викторија

Најчитани вести

Австралиската држава Викторија не пријави денеска случаи на локално пренесување на коронавирус, на денот кога треба да се заврши петдневната блокада.

Втората најнаселена австралиска држава во петокот влезе во блокада, по епидемијата поврзана со хотел за карантин во Мелбурн.

За време на поголемиот дел од блокадата, пријавен е мал едноцифрен број на случаи, што сугерира дека ширењето е под контрола.

На жителите на државата, во која живеат повеќе од една четвртина од 25 милиони жители на Австралија, им е наредено да останат дома, освен за работа, купување на храна, вежбање и грижа за други.

Владата на Викторија треба да одлучи денеска дали ќе ги укине ограничувачките мерки, што значи дека ќе биде дозволено присуство на одреден број гледачи на натпреварите на тенискиот Австралија опен во Мелбурн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести