4 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Без вода два милиона жители на главниот град на Зимбабве

Најчитани вести

Сите два милиона жители на Хараре, главниот град на Зимбабве и околината останаа без вода по одлуката на Владата да се затвори главната постројка за пречистување на водата, што предизвика негодување кај населението поради страв од болести.

Властите на Зимбабве се борат да соберат околу 2,7 милиони долари месечно за увоз на хемикалии за прочистување на водата, која поради сушата ја има се помалку и во загадени резервоари од кои ја користат некои жители

Поради големата економска криза, жителите последните месеци имаат недостиг од лекови, леб и бензин.

Градските власти предупредија дека во Хараре не е сигурна ниту флашираната вода, а се стравува од појава на нови болести по епидемијата од колера од која лани починаа 26 лица.

Во Хараре има и тифус поради недостиг на вода и несредена канализација, а дел од жителите се принудени да земаат вода од плитките и санитарно сомнителни бунари.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести