7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Бебе најдено во канта за ѓубре во Грција, уапсена една жена

Најчитани вести

Грчката полиција уапси 23-годишна жена кога во градот Каламата беше пронајдено бебе во канта за отпадоци, пренесуваат грчките медиуми.

Бебето, кое било на возраст од неколку дена, вчера случајно било најдено од жител на тоа место, кој го слушнал бебето како плаче. Како што се наведува, ако жената не го забележала бебето, сега ќе било мртво бидејќи нема да преживеело со оглед дека набргу требало да дојде камион што го зема и го пренесува ѓубрето од кантите.

„Бебето имало среќа во несреќа. Тој ден доцнел камионот за собирање на ѓубрето“, рекол градоначалникот на Каламата, Танасис Василопулос.

Жената што го пронашла бебето рекла дека малечкото се наоѓало во хартиена кеса. Кога го слушнала плачењето, првин се обратила кај соседите, кои ѝ рекле дека, најверојатно, се работи за мачки. Но, за среќа, жената отишла до кантата за отпадоци за да провери што точно се случувало.

Полицијата го зела бебето и го однела во болница, каде што лекарите рекле дека бебето целосно ќе закрепне. Според информациите, поради обид за убиство, уапсена е наводната мајка на бебето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com