17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Бајден ја прими третата доза вакцина против коронавирус

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус, објави Белата куќа. Во Соединетите држави, третата доза на вакцината Фајзер беше одобрена во минатата недела за сите луѓе постари од 65 години и оние кои се изложени на вирус поради работа. 78 годишниот Бајден ги охрабри овие граѓани да добијат дополнителна доза од вакцината. Претседателот на Соединетите држави ја доби првата доза на 21 декември, а втората на 11 јануари, во живо на телевизија со цел да го поттикне населението да се вакцинира.

Околу 60 милиони Американци имаат право да добијат трета доза од вакцината шест месеци по втората инјекција. Американските здравствени власти одобрија трета доза на вакцина за три категории на население – луѓе над 65 години, луѓе на возраст од 18 до 64 години со фактори на ризик за развој на посериозна форма на болеста и лица изложени на коронавирусот. Последната категорија вклучува едукатори, вработени во супермаркети, здравствени работници и вработени во засолништа за бездомници

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com