17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Бајден ја зголемува квотата за прием на бегалци во САД

Најчитани вести

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Суливан, синоќа изјави дека претседателот Џо Бајден планира да потпише указ за зголемување на годишната квота за прием на бегалци од воените зони.

Претседателот подоцна во говор во Стејт департментот укажа дека квотата може да достигне 125.000 бегалци и да се применува заклучно 1 октомври 2021 година. Бројот е неколкукратно зголемување по скратениот прием до 15.000 бегалци годишно за време на претходникот Доналд Трамп.

Суливан истакна и дека Бајден планира да потпише меморандум за промоција на правата на ЛГБТКИА низ целиот свет, како и за заштита на правата на ЛГБТКИА бегалците и азилантите.

Советникот укажа и дека САД ќе ја повикат Русија на одговорност поради низа злонамерни дејствија. Според Суливан, карактерот, мерките и времето на нивното преземање ќе бидат одредени по увид на САД.

Администрацијата исто така разгледува можност за мерки околу воениот удар во Мјанмар. Еден од чекорите кои се разгледуваат се селективни санкции против низа физички и правни лица кои се под контрола на армијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести