6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Бајден ја зголеми годишната квота за прием на бегалци на 62.500 лица

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден официјално го подигна ограничувањето за прием на бегалци на 62.500, откако во изминатиот период се соочи со критики бидејќи доцни со измената на рекордно ниската квота од 15.000, која ја постави неговиот претходник Доналд Трамп.

Бајден порача дека новата граница го брише историски нискиот број, поставен од претходната администрација, додавајќи дека одлуката на Трамп не ги одразувала американските вредности како нација која прифаќа и поддржува бегалци.

Тој истакна дека е тажна вистината оти САД до крајот на фискалната година во септември нема да ја достигнат границата од 62.500, со оглед на пандемијата и ограничените можности за преселби во земјата, а неговата администрација претходно соопшти дека американскиот претседател останува посветен на целта, поставувајќи ограничување на 125.000 бегалци за фискалната 2022 година која почнува во октомври. Исто така, се работи на подобрување на државните способности за прием на бегалци, со цел колку е можно повеќе од нив да бидат прифатени согласно новите квоти.

Агенциите кои се занимаваат со проблемот на бегалците во САД ја поздравија одлуката на Бајден, откако со месеци го критикуваа поради тоа што времено ја поддржувал квотата поставена од Трамп.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести