4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Бајден се сретна со украинскиот претседател Зеленски

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи својата прва средба со странски лидер по завршувањето на војната во Авганистан за да испрати порака дека САД, ослободени од долгата војна, се решени да станат посигурен сојузник на своите пријатели, во овој случај Украина. Бајден го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа при што изрази загриженост за руската агресија во регионот. „САД остануваат цврсто посветени на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина против руската агресија и ги поддржуваат евроатлантските аспирации на Украина“, рече Бајден.

Украинскиот лидер пристигна во Белата куќа со намера да побара од Бајден зголемена воена помош и поддршка за членство на неговата земја во НАТО. Состанокот беше одложен за два дена додека Бајден и неговиот тим за национална безбедност беа преокупирани со повлекувањето на американската војска од Авганистан. „Ова е тешко време за светот и за Соединетите држави. Вие сепак најдовте време за нас и ние сме навистина благодарни за тоа“, рече Зеленски. Пред состанокот, администрацијата на Бајден објави дека ќе одвои до 60 милиони долари за нова воена помош за Украина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com