Home » Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите на Хаваите

Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите на Хаваите

by Журнал.мк

Американскиот претседател Бајден денеска прогласи состојба на природна катастрофа на Хаваите, што овозможува испорака на федерална помош, откако во катастрофалните пожари на островот Мауи на Хаваите, загинаа најмалку 36 лица.

Федералната помош во овој случај вклучува грантови за привремени станбени објекти и поправки на куќи, евтини кредити за покривање на оштетениот неосигурен имот и други слични програми за жителите на Мауи и фирмите погодени од пожарот.

Бајден телефонски разговарал со гувернерот на Хаваи, Џош Грин и изразил сочувство поради загубените животи и уништената земја во пожарите, соопштено е од Белата куќа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More