9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Бајден: Не сакаме конфликт со Русија

Најчитани вести

Американскиот претседател, Џо Бајден, допатува во Милденхал, Велика Британија. Тој рече дека САД не сакаат конфликт со Русија, но дека ќе одговорат на силен начин на сите штетни активности преземени од руската влада.

На почетокот на неговата осумдневна турнеја низ Европа, што ќе вклучува присуство на самитот на НАТО и средба со рускиот претседател Владимир Путин, Бајден рече дека ќе ја потенцира цврстата посветеност на САД кон трансатлантскиот сојуз.

„Не сакаме конфликт со Русија“, рече американскиот претседател во говорот пред американските војници и членовите на нивните семејства во воената база во Милденхал.

„Ние сакаме стабилни и предвидливи односи…, но јас јасно кажав дека САД ќе одговорат на силен и смислен начин доколку руската влада се вклучи во штетни активности“, рече Бајден.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com