14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Бајден: Не повикав на промена на режимот во Русија

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден во говорот во Варшава во саботата рече дека не повикува на промена на режимот во Русија.

„Не“, одговори Бајден кога новинар во прес-салата праша дали бара промена на режимот во Русија.

На крајот од својот говор пред Кралската палата во Варшава Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин не треба да остане на таа позиција.

„Во името на господ, тој човек не смее да остане на власт“, ​​рече Бајден.

Набргу по говорот на американскиот претседател, официјален претставник на Белата куќа изјави дека Бајден не повикува на промена на режимот во Русија, но дека смета дека „не треба да му се дозволи на Путин да има моќ над соседите или регионот“.

„Тој не зборуваше за владеењето на Путин во Русија или за промената на режимот“, рече претставникот.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја отфрли забелешката на Бајден дека Владимир Путин не може да остане на власт, ​​велејќи дека Русите избираат кој ќе биде нивен лидер.

„Не е на Бајден да одлучува. Претседателот на Русија го избираат Русите“, рече Песков.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com