2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Бајден и Меркел бараат од Русија да го намали военото присуство на украинската граница

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор се согласија да побараат од Русија да ги намали воените трупи на украинската граница, каде се зголемени тензиите.

Двајцата лидери се согласија да се побара од Русија да ги намали „своите неодамнешни воени зајакнувања“ на источната граница на Украина, со цел да се овозможи „деескалирање“ на ситуацијата, истакна во соопштение портпарол на германската канцеларка.

Претходно, германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер ја обвини Русија за „провокација“ околу украинското прашање, додавајќи дека внимателно ја следат ситуацијата.

Москва распореди десетици илјади војници на границата со Украина, која има желба да се приклучи кон НАТО.

Министрите за одбрана на 30 земји од НАТО вчера на видеоконференциска врска со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој допатува во седиштето на Алијансата во Брисел, разговараа за тензиите меѓу Русија и Украина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com