3.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Бајден ги повика кубанските власти да го слушаат својот народ

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден го повика „кубанскиот режим да го слушне својот народ“ и неговиот „силен повик за слобода“. Во соопштението издадено од Белата куќа, по историските демонстрации во Куба, Бајден наведува: „Соединетите држави го повикуваат кубанскиот режим да го слушне својот народ и да одговори на неговите потреби во овој клучен момент, наместо да се збогатува. Ние стоиме покрај кубанскиот народ и нивниот енергичен повик за слобода, како и ослободување од драматичното влијание на пандемијата, децениските репресии и економските страдања наметнати од авторитарниот режим“. Презаситени од економската криза која дополнително го влоши недостигот на храна и лекови и ја поттикна владата да ја прекинува електрична енергија неколку часа на ден, илјадници Кубанци спонтано излегоа на улиците во десетици градови и села во неделата, извикувајќи „Ние сме гладни“ , „Слобода“ и „Долу диктатурата“.

Овој вид собир досега не е забележан на Куба, каде единствените дозволени собири се претежно оние на Комунистичката партија, единствениот во земјата. „Кубанците храбро ги бараат своите универзални основни права. Тие права треба да се почитуваат, вклучително и правото на мирни демонстрации и правото на слободен избор на иднината“, вели Бајден. Министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригез, пак изјави дека платеници финансирани од САД ги предизвикале протестите во изминатиот викенд.

„Во Куба немаше социјално востание, во Куба имаше нарушувања, нарушувања предизвикани од комуникациска операција која се подготвувала подолго“, рече Бруно за време на телевизискиот брифинг на владата. Државниот секретар на САД Ентони Блинкен оцени дека кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ќе направи „тешка грешка“ доколку ги обвини Соединетите држави за демонстрациите што се одржуваат на Куба. „Тие едноставно остануваат глуви на гласот и желбата на кубанскиот народ, кој е длабоко уморен од репресијата што трае премногу долго“, изјави Блинкен, додавајќи дека демонстрациите се насочени против кубанската влада и нејзиното „лошо управување“ со пандемијата и економијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести