2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против коронавирусот, поради случаи на појава на згрутчување на крвта.

– И со привремен прекин на вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, постои огромна понуда на вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“, доволно за 100 отсто вакцинацијата да не биде доведена во прашање, за секој Американец, изјави Бајден.

Американските здравствени власти вчера препорачаа „пауза“ во употребата на вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Агенцијата за лекови (ФДА) испитува шест пријавени случаи на тежок облик на тромб во САД по приемот на вакцината.

Центарот за контрола и превенција на болести, водечка агенција за јавно здравје во САД, треба да се состанат денеска за да ја проценат ситуацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com