-7.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Бајден бaра оставка од гувернерот на Њујорк поради обвиненија за сексуално злоставување на жени

Најчитани вести

Американскиот претседател Џозеф Бајден, спикерот на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси и бројни членови на Демократската партија на Куомо го повикаа гувернерот на државата Њујорк да поднесе оставка.

„Мислам дека тој треба да поднесе оставка“, рече американскиот претседател.

Наодите на државното обвинителство, од кои повеќето беа првично објавени минатата зима, доведоа до бројни барања од истакнатите демократи, Куомо да поднесе оставка.

Американските сенатори Чак Шамер и Кирстен Гилибренд вчера по објавувањето на извештајот изјавија дека наодите од истрагата ги зајакнуваат нивните повици и дека Куомо треба да си поднесе оставка.

„Ниту еден избран функционер не е над законот. Њuјорчани заслужуваат подобро од кабинетот на гувернерот. Се уште веруваме дека гувернерот треба да поднесе оставка “, рекоа Шамер и Гилибренд во заедничката изјава.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо ги отфрли обвинувањата на државното обвинителство дека сексуално малтретирал 11 жени, вклучително и вработени во неговиот кабинет, како и дека се обидел да им се одмазди на жените што го пријавиле, објавија претходно агенциите.

Во одговорот на истражниот тим на обвинителството во Њујорк, Куомо возврати дека фактите се многу поразлични од прикажаните, како и дека „никогаш не допрел некого несоодветно или не направил несоодветен сексуален гест“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com