14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Бајден апелира до приватните компании да бараат вакцинација од вработените

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден вчера апелираше до приватните компании да побараат од своите вработени да се вакцинираат против kовид-19, неколку часа откако Агенцијата за храна и лекови (ФДА) одобри целосна употреба на вакцината на Фајзер/Бионтек за лица над 16 години.

На брифингот во Белата куќа, Бајден ги повика компаниите „да излезат со барања за вакцини што ќе опфатат милиони луѓе“.

„Ако сте сопственик на приватна фирма, непрофитен лидер, државен или локален лидер кој чекал одобрување од ФДУ за да побара вакцинација, ви велам – сега е време да го направите тоа. Барајте вакцинација – истакна Бајден.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека Министерството за одбрана ќе издаде ново упатство за задолжителна вакцинација на припадниците на армијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com