10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Бајден: Американците нема да гинат во војна во која Авганистанците не се подготвени да се борат

Најчитани вести

Неочекуваниот брз пад на авганистанската влада, влегувањето на Талибанците во Кабул, хаотичните сцени на аеродромот таму, но и критиките на домашната политичка сцена, не му оставија можност на Бајден да не се огласува уште некое време.

„Мојот тим и јас ја следиме ситуацијата во Авганистан и планираме за сите опции, вклучувајќи го и брзиот колапс што се случува сега. Но, прво сакам да ве потсетам како дојде до ова. Отидовме во Авганистан пред 20 години со јасна цел – да ги фатиме извршителите на нападот на 11 септември. Ние го сторивме тоа. Ја уништувме Ал Каеда во Авганистан. Не сакавме да изградиме нација во Авганистан. Нашата цел останува она што беше и претходно – да спречиме терористички напад врз нашата татковина“, Рече Бајден.

„Денес, терористичката закана метастазираше надвор од границите на Авганистан. ИСИЛ се обиде да создаде калифат во Сирија и Ирак. Тие закани го исцрпија нашето внимание и нашите ресурси“, рече американскиот претседател.

„Кога ја преземав функцијата, наследив договор со Талибанците склучен од Доналд Трамп. Нашите сили во Авганистан паднаа од 15.000 на 2.500. Талибанците се најсилните од 2001 година. Мојот избор беше или да ги почитувам тие преговори или да одам во војна со Талибанците. Немаше договор за заштита на нашите сили по 1 мај. Остана само студена реалност – или да се повлечат нашите сили или да ескалира конфликтот и да се испратат илјадници американски војници. Стојам при својата одлука. По 20 години, на потешкиот начин, научив дека не постои добро време за повлекување на американските сили. Ризиците ни беа јасни, ние планиравме за секоја варијанта, но вистината е дека ова се разви побрзо отколку што очекувавме. Што се случи? Авганистанските лидери избегаа од земјата и нивната армија колабираше“, рече Бајден.

„Американците нема да гинат во војна за која Авганистанците не се подготвени да се борат. Авганистанската војска имаше 300.000 луѓе, им го дадовме секое оружје што можевме, им ги плаќавме платите. Им дадовме воздушна поддршка. Ние им ја дадовме секоја шанса, но не можевме да им дадеме волја за борба“, рече Бајден.

„Кина и Русија не би сакале ништо повеќе од тоа да и понатаму трошиме милијарди во Авганистан. Кога го пречекав авганистанскиот претседател во Белата куќа, разговаравме искрено. Разговаравме дали нивната војска е подготвена да води граѓанска војна кога ќе заминеме, дали нивната влада е подготвена да се бори против корупцијата. Тие не направија ништо од тоа. Гани ме увери дека нивната војска ќе се бори“, додаде американскиот претседател.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com