10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Бајден: Американските сили би можеле да останат во Авганистан и по 31 август

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден во средата изјави дека американските сили ќе останат во Авганистан се додека не се евакуираат сите Американци, дури и ако тоа значи дека ќе останат по датумот на повлекување 31 август.

„Ако останат уште американски државјани, ќе останеме таму се додека не ги извлечеме сите“, рече Бајден во интервју за Еј-би-си њуз еден ден откако многу американски пратеници го притиснаа да го продолжи рокот што го одреди за конечно повлекување.

Бајден се најде на жестоки критики поради повлекувањето во кое последните денови доминираа сцени на хаос во и околу аеродромот во Кабул со луѓе кои очајно се обидуваат да излезат од земјата.

Американскиот претседател ги бранеше своите одлуки, велејќи дека проблемите се неизбежни при завршувањето на 20-годишниот ангажман на САД во Авганистан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com