14 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Баша смета дека 85 отсто од Албанците го отфлиле монистичкото гласање и вети вистинска промена

Најчитани вести

Лидерот на албанската опозициска демократска партија, Љуљзим Баша, по затворањето на процесот на гласање за новата локална власт во 61 општина во земјата, рече дека дури 85 отсто од Албанците го отфрлиле монистичкото гласање, напуштајќи ја маскарадата на Еди Рама, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Албанците масовно ја напуштија маскарадата на Еди Рама. Дури 85 отсто од Албанците го отфрлија монистичкото гласање. Еди Рама исто така беше напуштен од социјалистите, бидејќи гласаа помалку отколку во 2017 година. Денешното еднопартиско гласање под целосна еднопартиска контрола беше настан што не се случил никаде во Европа, од времето на комунизмот. Организацијата на преродбата (слоган на ПС на парламентарните избори) сама се кандидираше, самата гласаше, сама брои и сама потврдува. Ова е трагична пародија на демократијата, Уставот и правната држава, рече Баша.

Тој го обвини владејачкото мнозинство за масовна манипулација со гласовите со закани и купување гласови. Спомна дека 150 вработени во администрацијата добиле закана дека ќе бидат истерани од работа доколку не одат да гласаат заедно со другите членови од нвните семејства, што, како што рече, не е никаква новина, зашто се се слушнало од бомбите на германскиот весник „Билд“. Баша им вети на административните работници дека „многу набрзо ќе бидат ослободени од овој криминал врз нив и нивнте деца“.

Изборниот процес за Баша само ги потврдил сите обвинувања за Еди Рама и оти се додека е тој премиер во Албанија не може да има слободни и демократски избори, нарекувајќи ја Централната изборна комисија „слеп слуга“ на Рама.

На крајот, зборуваше за промената што ќе дојде набрзо.

– Јасна волја на Албанците денеска беше напуштање на нелегалните монистички избори. Оваа волја е единствената волја што е важна за изборите. Нашата задача останува да гарантираме дека оваа волја, вашата волја ќе се почитува. На крај, сакам да им се обратам на сите Албанци кои не гласале и сите оние кои сакаат промена: Оваа промена ќе дојде брзо. Тоа ќе биде длабока и вистинска промена. Тоа ќе биде промена за обичните Албанци и директно ќе го подобри вашиот живот, заклучи Баша.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести