6 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Баша се согласи на среба со Мета,Рама му порача дека е зафатен со изборни активности

Најчитани вести

Албанскиот претседател Илир Мета синоќа направи уште еден напор за надминување на политичката криза во земјата.

Тој упати покана до премиерот и лидер на владејачките социјалсти,Еди Рама и до лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша за средби во текот на денешниот ден.

На поканата позитвно одговори Баша и средбата со Мета е закажана за денеска во 9:00 часот.

Но, поканата ја одби Рама кој поканата на претседателот ја оценува како игра со писма, наведувајќи дека нема време за разговор бидејќи е зафатен со изборни активности.

-Поради изборната кампања што се одвива според претседателскиот декрет, каде 30 јуни е датумот на избори, мојот кабинет телефонски ја пренесе неможноста за оваа средба. Но,бидејќи Илир Мета продолжува да игра игри со писма, еве и написмено: Имаме избори, јас сум зафатен. Избори на 30 јуни,напиша Рама на Твитер.

Веднаш потоа од кабинетот на претседателот му возвратија дека Мета ќе го чека Рама на средба од 5:00 до 13:00 часот.

Поради тоа шефот на државата утрово во својот кабинет прстигна утрово во пет часот.
Ова е инаку, прва официјална покана која претседателот Мета ја упатува до лидерите на двете најголеми политички партии во земјата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести