15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Баша: Не дозволив соработка со банди на изборите, тоа е моја единствена одговорност

Најчитани вести

Лидерот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша, по зачестените барања на дел од членовите за негова оставка, по поразот на парламентарните избори, на денешната седница на партиското Претседателство изјави дека негова единствена вина е што не дозволил соработка со банди.

Во својот говор, Баша изрази дека го разбира гневот на демократите од изборниот масакр што се случил на 25 април и побара единство за да се борат заедно и да ја добијат битката.

-Убеден сум во на правичноста на нашата битка. Жртви на изборниот масакр Рама-Доши се албанските граѓани. Знам како се чувствува огромното мнозинство на демократите, го чувствувам нивниот гнев поради изборниот масакр на 25 април, знам дека тие се подготвени да го претворат тој гнев во енергија за да ја извојуваме нашата битка до победа, рече Баша. Затоа барам да го продолжиме патот што го започнавме. Обединети во овој клучен момент за иднината на нашата битка и за судбината на земјата и заедно да ги подобриме оние работи што можеме и сигурно треба да ги подобриме, рече Баша.

На седницата било предложено и веднаш потоа усвоено на седница на Националниот совет на партијата, на 13 јуни да се одржи избор на нов претседател, по принципот еден член еден глас. Секој заинтересиран за оваа функција, кој ги исполнува условите може да ја поднесе кандидатурата од 16 до 22 мај.

Јавно својата кандидатура за нов претседател денеска ја соопшти Фатбард Кадили, кој побара оставка од Баша, кого во континуитет по изборите го обвинува за изборниот неуспех.

Се споменува и името на Бујар Нишани, поранешен претседател на Албанија и актуелен прв човек на Националниот совет на партијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести