1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Баша: Му доставивме план на Рама за излез од кризата, ако не може го спроведе – нека се повлече

Најчитани вести

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша, по средбата со лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција, во кусата изјава за медиумите стави до знаење дека нема намера да се сретне со лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама.

Баша рече дека опозицијата му доставила на премиерот Рама план за да ја извади земјата од кризата, но и за изборната реформа, при тоа упатувајќи ултиматум до Рама.

-Ова не е прашање за Баша, а не е ниту прашање за Рама. Албанија е во криза. Имаме план да ја извлечеме земјата од криза. Имаме план за изборна реформа. Му ги доставивме на Рама преку неговите претставници. Доколку не може да ги спроведе, тогаш нека отстапи, ние сме подготвени сами да го спроведеме, кусо изјави Баша.

Вчера во интервју за телевизијата Репорт, Рама изјави дека е подготвен да отиде во седиштето на ПД за дијалог, но оти нема да чека долго.

-Кој сака да ме има и мене на маса, јас сум подготвен, каде било, па и во седиштето на ПД. Ако таму се одржува средбата, јас ќе одам, немам проблем. Не е во прашање местото, форматот или наметнување на агенда, ако тие се спокојни со часовникот кој покажува 12, тоа е нивна работа, мојот часовник ита, рече Рама.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com