Еден од најдобрите италијански дефанзивци, Алесандро Бастони проговори за својата иднина по победата на неговата Италија над Унгарија во Лигата на нации (2-1).
Бастони ги одигра сите 90 минути во срцето на одбраната на „аѕурите“, а потоа даде краток коментар за интересот од Премиер лигата, поточно од Тотенхем и Манчестер Јунајтед кои според медиумите притискаат за неговиот потпис.
Алесандро е мирен и во моментов размислува само за Интер.
– Јас сум играч на Интер. Имам двегодишен договор со Интер. Клубот ништо ми нема соопштено. Одам на одмор по репрезентацијата, а потоа повторно почнувам со Интер, – порача 23-годишниот стопер кој е „врзан“ со калчолигашот до 30 јуни 2024 година.