14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Бартомеу пуштен со кауција

Најчитани вести

Поранешниот претседател на барселона, Џосеп Марија Бартомеу и неговиот некогашен советник, Хауме Масферер, со кауција се пуштени на слобода. Бартомеу, Масферер и уште неколку луѓе од поранешното раководство на Барселона, беа уапсени вчера, тиа ноќта ја минаа во притвор.

„Истражниот суд во Барселона, по повод случајот кој е покренат во мај 2020 година, поради нелојалната администрација и корупција во работењето, ги сослуша поранешните челници Џосеп Марија Бартомеу и Хауме Масферер. Двајцата, во вторникот, беа изведени пред истражниот судија. Тие се повикаа на своето право да не сведочат. Судијата се согласил да бидат пуштени со кауција“, се наведува во соопштението.

Истрагата против Бартомеу и неговите најблиски соработници е покрената под сомнение дека Бартомеу, плаќал „ботови“, кои на социјалните мрежи ја уништувале репутацијата на одредени сегашни и поранешни фудбалери на Барселона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com