20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Бартомеу закажал лет за Амстердам да го убедува Де Лихт, Рајола го оладил пред да отпатува

Најчитани вести

Според пишувањата на Мундо Депортиво, првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу сакал да отпатува во Амстердам и да направи последен напор за ангажман на Матајс де Лихт, но бил оладен од Мино Рајола уште пред да се качи во авион.

Матајс де Лихт се очекува оваа недела да потпише за Јувентус, „старата дама“ ја доби битката откако му ги задоволи барањата од 12 милиони евра по сезона како и во договорот да има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Барселона сакала во последен момент да и ги помати сметките на „Старата дама“ и Жозеп Мариа Бартомеу бил подготвен лично да отпатува во Амстердам, да направи последен напор за да го убеди дефанзивецот дека Камп Ноу е најдобра дестинација за него.

Весникот пишува дека Матајс де Лихт, и покрај тоа што е на чекор до Јувентус, му кажал на Бартомеу дека е подготвен да слушне што има да каже. Но тој сакал Мино Рајола да биде запознаен со се, и состанокот да биде закажен преку контроверзниот агент.

Бартомеу бил свесен дека тешко ќе се разбере со Мино Рајола но и покрај тоа подигнал слушалка и го побарал. Агентот на Де Лихт немал ништо против да се сретнат, но за да седнат на маса побарал доказ дека Барселона е подготвена да ги изедначи условите кои веќе се договорени со Јувентус а тоа е провизија од 10 милиони евра за него и плата за дефанзивецот од 12 милиони евра.

Без разлика колку добар и перспективен е Матајс де Лихт, Бартомеу смета дека Холанѓанецот не може да заработува толку многу на Камп Ноу, па му се заблагодарил на Рајола и му кажал дека чим е таква работата, нема потреба да се сретнат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com