3 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Барселона ја избегна судбината на Реал во продолжение

Најчитани вести

Малку недостасуваше па и Барселона да ја доживее судбината на големиот ривал Реал Мадрид, кој беше елиминиран во Купот на Шпанија од третолигаш. Барселона добро се намачи да го елиминира на гостински терен третолигашот Корнеља, кого го совлада со 2:0 со голови постигнати во продолженијата од натпреаврот. Регуларните 90 минути завршија без голови (0:0). Статистиката целосно беше на страната на Барселона која овој меч го одигра со комбиниран состав.

Каталонците имаа прилика да го решат мечот многу порано, но не реализираа дури два удари од белата точка. Најпрво Пјаниќ во 39 минута, а потоа и Дембеле во 80 минута не ја поготија противничката мрежа. За ова не беа казнети, па во продолженијата од два пати по 15 минути, Дембеле во 92 минута и Брајтвајт во 101 минута не дозволија да има ново изненадување во Купот на Шпанија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести