Лаутаро Мартинез би можел да ја продолжи кариерата во Барселона од следното лето.
Одличниот аргентински напаѓач играше навистина добро во дресот на Интер оваа сезона. Тој ги импресионираше сите, особено лидерите на Барселона, кои нема да штедат пари за да ангажираат 22-годишен напаѓач.
Според шпанскиот весник „АС“, Барселона ќе активира откупна клаузула од 111 милиони евра следното лето.
На „Камп Ноу“, аргентинскиот фудбалер го гледаат идеална замена за Луис Суарез. Уругваецот веќе е во доцните години (33) и Лаутаро би можел да е замена за него.
Мартинез беше навистина одличен оваа сезона во дресот на Интер. Тој одигра вкупно 21 натпревар и постигна 13 голови и четири асистенции.