9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Барселона сака играч за врска, Мендеш им нуди португалски репрезентативец

Најчитани вести

Екипата на Барселона и понатаму е во потрага по играч од средината на теренот, играч кој ќе може да одговори на барањата на тренерот Роналд Куман.

Куман сакаше да го доведе Џини Вајналдум, но неговиот сонародник иако имаше отворена понуда да се пресели на „Камп Ноу“ се реши да го проектот кој му го понуди францускиот вицешампион Пари Сен Жермен.

Ова ја остави во стиауција и понатаму да биде активна на трансфер пазарот и да бара соодветно решение, последните вести велеа дека тоа можеби ќе биде Саул Нигез кој би бил дел од размената со Антоан Гризман со Атлетико Мадрид, ама како што минува времето оваа опција станува се понереална.

Најновата е дека Ренато Санчез и е понуден на Барселона од страна на агетот Жорже Мендеш, играч кој одговара на карактеристиките што ги бара Куман.

Оваа вест ја пренесе „АС“ и според истата Ренато би пристигнал на позајмица по што би можел да се комплетира трансферот од Лил. Санчез имаше добра сезона во Франција, потоа одигра и квалитетно на ЕП со што одново направи да биде интересен за поголемите клубови ширум Европа.

Сепак според „Мундо Депортиво“, Барса во моментов не размислува за Португалецот, односно не е високо на листата и тешко дека ќе дојде до реализација на ваков трансфер.

Освојувачот на Купот на Шпанија во овој преоден рок ги донесе Ерик Гарсија, Серхио Агуеро, Емерсон Ројал и Мемфис Депај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести