27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Барселона не може да најде ривал за „Жоан Гампер“ трофејот

Најчитани вести

Неочекуваното повлекување на Рома од учеството на натпреварот кој е познат како дуел за освојување на трофејот „Жоан Гампер“ ги поремети плановите на организаторот Барселона.

Шпанскиот великан не очекуваше сценарио какво што приредија Рома и Жозе Мурињо, па сега не може да најде соодветен противник за традиционалниот предсезонски натпревар.

Според „Газета дело Спорт“, понудата за учество ја одбил и Милан, а последен клуб кој не можел да одговори позитивно е мексикански Атлас.

Раководството на Барселона испратила покана до екипата и добила помош во контактите од нејзиниот поранешен дефанзивец Рафа Маркез, но Атлас не можел да излезе во пресрет поради веќе натрупаниот календар.

Натпреварот меѓу Барселона и Рома беше најавен за 6. август, а организаторот најави дека размислува и за тужба поради потегот на италијанскиот состав.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com