Home » Барселона му упати ултиматум на Де Јонг

Барселона му упати ултиматум на Де Јонг

by Журнал.мк

Сагата околу Френки де Јонг и неговиот евентуален трансфер од Барселона меѓу Манчестер јунајтед продолжува, а сега фудбалерот доби ултаматум од неговиот клуб.

Барселона и Јунајтед се договорија за трансфер на Де Јонг, отштета од 60 милиони евра плус дополнителни 20 милиони во бонуси, но проблем претставува тоа што холандскиот репрезентативец не сака да се пресели на „Олд трафорд“.

За Барселона проблем претставува платата на Де Јонг која изнесува околу 12 милиони евра бруто и тоа е товар за тимот кој се наоѓа во финансиски проблеми. Поради тоа челниците на Барселона му упатија ултиматум, или ќе се согласи на намалување на платата или да замине во Јунајтед.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека тренерот Чави Ернандез имал разговор со фудбалерот на кој му објаснил дека го смета за еден од клучните фудбалери во екипата, но дека неговите примања претставуваат голем товар за Барселона и доколку се согласи на помала плата сигурно ќе има место во тимот следната сезона.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More