Тренерот на шпанскиот шампион Барселона, Ернесто Валверде може да биде отпуштен поради слабиот старт на тимот, пишува весникот „АС“.
Според информациите од авторитетното издание, на Валверде му е дадена задача да ги освои своите следни два шампионски натпревари, а доколку изгуби бодови, ќе биде отпуштен од работа. Конкретните натпревари се дома против Виљареал и гостување кај Хетафе.
Каталонците ја започнаа Ла лига со два порази и едно реми во првите пет кола и се на 8 место во пласманот. 55-годишниот Валверде ја презеде Барселона во 2017 година и под негово водство тимот има четири освоени трофеи – две национални титули, Куп и Суперкуп на Шпанија.
Неговиот договор е до летото 2020 година.