17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Барселона и Атлетико направиле договор зад грбот на Суарез, еве колку ќе платат за трансферот на Уругваецот

Најчитани вести

Атлатико Мадрид сепак ќе плати оштета за Луис Суарез. Како што пишува Спорт, Уругваецот инсистирал да замине од Камп Ноу беспари поради начинот на кој Барселона решила да се ослободи од него и не прифаќал трансфер.

Па Барселона и Атлетико Мадрид направиле договор зад грбот на фудбалерот. „Колчонероси“ се сложиле да платат 5 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси.

Првиот бонус е поврзан со бројот на настани на Луис Суарез, на Барса и следуваат 2 милиони евра кога напаѓачот ќе одигра 20 натпревари.

Вториот бонус е поврзан со успехот на Атлетико во Лигата на шампионите, Барса ќе добие 2 милиони евра доколку „колчонероси“ се пласираат во четвртфинале.

Третиот бонус е ист како вториот, 2 милиони евра за пласман во четвртфинале во Лигата на шампиони, но се однесува за следната сезона.

Сепак, можно е оваа сума да биде комепнзирана со додатниот договор кој го имаат Барселона и Атлетико за трансферот на Антоан Гризман.

Кога Французинот се пресели на Камп Ноу во 2019 за 120 милиони евра, Атлетико инсистираше дека Барса должи уште 80 милиони евра, па за да се избегне судски спор, „каталонците“ се сложија да платат додатни 15 милиони евра, кои официјално се водат како исплата со која се добива опција први да ги купат Саул Нигез и Хозе Мариа Хименез.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести