18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Барселона започна преговори со талент на Бока Јуниорс

Најчитани вести

Аргентинскиот гигант, екипата на Бока Јуниорс, во своите редови има неколку многу млади и талентирани играчи, кои веќе се на мета кај европските гиганти.

Еден од нив е Сантијаго Рамос Минго (17 години), дете од школата, а оваа сезона овој играч е приклучен во првиот тим. Рамос игра на позицијата дефанзивец и сè уште го чека своето деби во првиот тим на Бока Јуниорс.

Сепак, овој талентиран играч го привлече вниманието на неколку тимови од Европа, а како што пишуваат аргентинските медиуми, Барселона ќе се обиде да ги осигура неговите услуги уште во јануарскиот трансфер рок.

Каталонскиот клуб верува во квалитетите на Рамос и се надева дека е пронајдено долгорочното решение за во иднина, кога е во прашање дефанзивната линија.

Овој Аргентинец наредниот месец ќе наполни 18 години што значи дека ќе може да оствари трансфер надвор од Аргентина.

Наводно, Барселона веќе ги започнала преговорите за негов трансфер.

Најнови вести