Home » Барселона во јануари ќе испрати огромна понуда за Невеш

Барселона во јануари ќе испрати огромна понуда за Невеш

by Журнал.мк

Барселона ќе се засилува и во јануарскиот преоден рок и покрај тоа што веќе има ѕвезден состав. 

Чави сака уште едно засилување во средниот ред и покрај тоа што веќе има огромен број на играчи на оваа позиција. Приоритет на Каталонците зимава ќе биде Рубен Невеш од Вулверхемптон. 

Португалецот е свесен за интересот од Барселона и неодамна изјави дека му ласка што го поврзуваат со трансфер во еден така голем клуб. 

Барселона е подготвена да плати 50 милиони евра обештетување за фудбалерот за врска. Чави во Невеш гледа идеална замена за Серхио Буксец, кој по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти клубот. 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More