Трансферот на Усман Дембеле во ПСЖ дефинитивно е непријатно изненадување за тренерот Чави и раководството, па Барселона итно мора да најде солуција за испразнетото место на десната страна во тимот.
Според „Мундо Депортиво“, Чави и Жоан Лапорта се согласиле дека најдобра алтернатива во дадената ситуација може да биде Жоао Кансело и поради тоа Барса ќе се обиде во најкраток можен рок да го реши неговиот трансфер со Манчестер Сити.
Португалецот не е во плановите на Пеп Гвардиола и по заемот во Баерн Минхен привремено тренира со старите соиграчи, очигледно очекувајќи да дознае кој ќе биде следниот предизвик.
Барса ќе добие 50 милиони евра од ПСЖ за Дембеле и планира да реинвестира дел од тие пари за Кансело, кој е избран како соодветна замена за десната крилна позиција.
Агентот Жорге Мендеш има одлични односи со шпанскиот клуб и се очекува релативно лесно да биде договорено пристигнувањето на португалскиот репрезентативец во тимот на Чави.