-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

„Барса се подготвува за наредното лето, поради тоа го пуштија Гризман“

Најчитани вести

Соочени со тешката финансиска ситуација во клубот, челниците на Барселона направија големи промени во тимот. Екипата ја напуштија 11 фудбалери, меѓу ние се и двајцата кои имаа најголеми плати, Лионел Меси и Антоан Гризман.

Симболот на Барселона, Меси, пред три недели замина во ПСЖ, а доцна синоќа, една минута пред полноќ, Гризман се врати во Атлетико Мадрид. На местото на Гризман, Барселона го донесе Лук Де Јонг од Севилја.

Ваквиот расплет на преодниот рок, кога е во прашање, според новинарот на каталонскиот весник Спорт, Алберт Рог, има само една цел. Според него Барселона се подготвува за наредното лето, кога главна ѕвезда на преодниот рок ќе биде Ерлинг Халанд.

„Само едно нешто ми паѓа на памет, кога веќе го пуштија Гризман во Атлетико и го заменија со многу поевтиниот Лук Де Јонг, а тоа е дека наредното лето Барселона ќе тргне по Ерлинг Халанд. Не можам да најдам друго објаснување“, рекол Рог.

Наредното лето, Халанд ќе може да ја напушти Борусија Дортмунд за 70 милиони евра. Заинтересираните клубови ќе мора да потрошат многу пари и на платата на Халанд и провизијата која ја бара неговиот менаџер Мино Рајола.

Рајола за себе бара 40 милиони евра, а за својот клиент плата од 50 милиони евра по сезона.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com